СветСвет.Портал

Фејсбук се придружува во борбата против коронавирусот

Компанијата Фејсбук бесплатно ќе објавува реклами на Светската здравствена организација (СЗО), најави денеска основачот и сопственик на компанијата Марк Закерберг.

Пало Алто, 4 март 2020 (МИА) – Компанијата Фејсбук бесплатно ќе објавува реклами на Светската здравствена организација (СЗО), најави денеска основачот и сопственик на компанијата Марк Закерберг.

– Ќе ѝ дадеме на СЗО рекламен простор колку што ѝ е потребен, заедно со друга корисна поддршка, истакна Закерберг.

На корисниците кои ќе пребаруваат постови за вирусот ќе им излегуваат поп-ап информации кои ќе ги водат до сајтот на СЗО или локалните здравствени организации со најнови вести и совети, нагласи основачот на Фејсбук, додавајќи дека ќе бидат отстранети сите содржини со лажни вести и теории на заговор, со цел да се спречи ширењето дезинформации.

фејсбук ќе работи со светски здравствени експерти и ќе им дава поддршка на други организации. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close