СветСвет.Портал

Фејсбук ги разгледува последиците од одлуката на Европскиот суд за правда

Компанијата Фејсбук денеска соопшти дека ги разгледува импликациите од одлуката на Европскиот суд за правда, со која договорот меѓу ЕУ и САД за пренос на податоци е прогласен за неважечки, бидејќи, според Судот, приватноста на граѓаните од земјите на Унијата со тој акт не е доволно заштитена.

Лондон, 16 јули 2020 (МИА) – Компанијата Фејсбук денеска соопшти дека ги разгледува импликациите од одлуката на Европскиот суд за правда, со која договорот меѓу ЕУ и САД за пренос на податоци е прогласен за неважечки, бидејќи, според Судот, приватноста на граѓаните од земјите на Унијата со тој акт не е доволно заштитена.

Со судската одлука всушност се укинува привилегираниот пристап, кој со нивните лични податоци го имале американските компании, но и разузнавачките служби на САД.

Претставничката на Фејсбук за правни работи, Ева Нејгл изјави дека компанијата внимателно ги разгледува наодите изнесени во судската одлука и нејзините импликации, кога станува збор за тој договор, наречен „Штит на приватноста“, но очекува и упатства од регулаторните органи.

– Ќе обезбедиме нашите огласувачи, клиенти и партнери да можат да продолжат да ги користат услугите на Фејсбук, а притоа нивните податоци да останат безбедни и заштитени, истакна Нејгл. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close