СветСвет.Портал

Фејсбук ќе ги информира корисниците за климатските промени

Американската компанија Фејсбук најави создавање на посебен центар за информации за климата „Информативен центар за климатски науки“ (Climate Science Information Center), кој на корисниците ќе им обезбеди ажурирани и веродостојни податоци за климатските промени во светот.

Сан Франциско, 15 септември 2020 (МИА) – Американската компанија Фејсбук најави создавање на посебен центар за информации за климата „Информативен центар за климатски науки“ (Climate Science Information Center), кој на корисниците ќе им обезбеди ажурирани и веродостојни податоци за климатските промени во светот.

Ова се наведува во соопштение за медиуми на компанијата, објавено на нејзината веб-страница.

– Една од најважните лекции што ги научивме од пандемијата на Ковид-19 е колку Фејсбук има широки можност да им обезбеди на клиентите точни, стручни совети и информации за време на глобална криза. Сега преземаме сличен пристап кон климатската криза со лансирање нов информативен центар за климатски промени на Фејсбук, со цел корисниците да можат да добиваат сигурни и ажурирани информации за климата, се вели во соопштението на компанијата.

Новата услуга е посебен информативен простор на Фејсбук, кој содржи фактички и статистички податоци од водечките меѓународни климатски организации како што се Светската метеоролошка организација, Програмата за животна средина на ОН, Националната управа за океани и атмосфера на САД и многу други. Покрај тоа, со посета на информативниот центар, корисниците ќе се информираат за практичните чекори што можат да ги направат во нивниот секојдневен живот за борба против климатските промени.

Во исто време, се потенцира дека центарот ќе работи по принципот на работа на веќе постоечката услуга на Фејсбук (Информативен центар COVID-19), кој на клиентите им обезбедува ажурирани информации за пандемијата на коронавирусот. Новиот информативен центар за климатски промени ќе биде достапен за жителите на САД, Велика Британија, Германија и Франција. Во иднина се очекува да биде објавен и во други земји низ светот. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close