СветСвет.Портал

ФБИ ја уапси поранешната девојка и соработничка на Џефри Епстин

Гислејн Максвел, поранешна девојка и долгогодишна соработничка на обвинетиот сексуален престапник Џефри Епстин, е уапсена, соопшти портпаролката на ФБИ Адриен Сенатор.

Њујорк, 2 јули 2020 (МИА) – Гислејн Максвел, поранешна девојка и долгогодишна соработничка на обвинетиот сексуален престапник Џефри Епстин, е уапсена, соопшти портпаролката на ФБИ Адриен Сенатор.

Американски обвинител за јужниот округ на Њујорк изјави дека во текот на денот ќе ги објави обвиненијата против Максвел, за „нејзината улога во сексуалното искористување и злоставување на повеќе малолетни лица што ги извршил Џефри Епстин“.

Максвел се повлече од јавноста по смртта на Епстин, финансиер обвинет за силување и сексуална трговија со малолетни лица речиси две децении.

Некои од жртвите на Епстин тврдат дека Максвел ги намамила во негово друштво и дека биле сексуално малтретирани од неговите моќни пријатели и од него.

Максвел беше уапсен утрово во Бредфорд, Њу Хемпшир, соопшти портпаролката на ФБИ. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close