Svet.SlajderСветСвет.Портал

Фаучи се надева на вакцина за коронавирусот до крајот на годината

Главниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, денеска изјави дека е „внимателен оптимист“ за тоа дека вакцината за Ковид-19 ќе биде готова до крајот на оваа или почетокот на 2021 година

Вашингтон, 23 јуни 2020 (МИА) – Главниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, денеска изјави дека е „внимателен оптимист“ за тоа дека вакцината за Ковид-19 ќе биде готова до крајот на оваа или почетокот на 2021 година.

Според него, следните неколку недели ќе бидат клучни за контролирање на коронавирусот во САД.

Фаучи и другите здравствени претставници, кои денеска беа на распит пред Одборот за здравство  на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изјавија дека од нив не било побарано да го забават тестирањето за коронавирусот. Тоа стана спорна тема откако американскиот претседател Доналд Трамп минатиот викенд кажа дека од нив побарал да го намалат тестирањето затоа што се откриваат премногу заразени лица.

-Ќе правиме повеќе тестови, рече Фаучи.

САД досега тестирале повеќе од 27 милиони луѓе, а околу 2,3 милиони или 8,4 проценти биле позитивни за коронавирусот.

Бројот на заразени со вирусот расте во околу половината од 50-те сојузни држави во САД.

-Тешко сме погодени сме, рече Фаучи и додаде дека е загрижен за зголемувањето на ширењето на инфекцијата во некои држави. Тој посочи дека во наредните неколку недели ќе биде клучно да се види дали ќе можат да го потиснат.

Фаучи, како шеф на Националниот институт за алергија и заразни болести, денеска пред законодавците разговараше заедно со директорот на Центарот за контрола на болести, д-р Роберт Редфилд, шефот на Федералната Управа за лекови (ДЕА) Стивен Хан и шефот на американската Служба за јавно здравје Брет Џироар. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close