Svet.SlajderСветСвет.Портал

Фаучи: Ја разгледуваме опцијата за групно тестирање

Доктор Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во САД, изјави денеска дека работната група за коронавирус на Белата куќа „сериозно размислува“ за групно тестирање за Ковид-19 и дека сегашната стратегија за тестирање се покажала како несоодветна.

Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА)Доктор Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во САД, изјави денеска дека работната група за коронавирус на Белата куќа „сериозно размислува“ за групно тестирање за Ковид-19 и дека сегашната стратегија за тестирање се покажала како несоодветна.

Предлогот сè уште се разгледува и не се очекува да биде објавен на брифингот на работната група во текот на денот, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.

Иако американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати ја отфрли потребата од зголемено тестирање, а минатата недела предложи забавување на тестирањето, има се повеќе потврдени случаи.

– Нешто не функционира, рече Фаучи за сегашниот пристап.

Групното тестирање е со комбинирање на неколку примероци, а потоа комбинираните примероци се тестираат со еден дијагностички тест.

На овој начин може да се тестира група од 25 лица со еден тест, а не со помош на 25 одделни дијагностички тестови. Ако резултатот е негативен, тогаш 25 лица се елиминираат со еден тест. Ако резултатот е позитивен, луѓето повторно се тестираат индивидуално.

Минатиот месец, локалните здравствени власти во кинескиот град Вухан соопштија дека успеале да тестираат повеќе од девет милиони луѓе користејќи 6,6 милиони тестови. Кинеските медиуми објавија дека Вухан користел групен пристап на тестирање, пренесува Си-Ен-Ен. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close