Svet.SlajderСветСвет.Портал

ФАО бара 350 милиони долари за да спречи глад

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) бара 350 милиони долари со цел да се зголемат активности во борбата против гладот ​​и да се подобрат животните услови поради кризата со храна што може да настане како последица од пандемијата.

Рим, 18 мај 2020 (МИА) – Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) бара 350 милиони долари со цел да се зголемат активности во борбата против гладот ​​и да се подобрат животните услови поради кризата со храна што може да настане како последица од пандемијата.

И покрај тоа што допрва треба да се види целосното и долгорочното влијание на пандемијата врз обезбедувањето со храна, веќе постојат показатели дека во земјите погодени од глад, луѓето се потешко се борат за пристап до храна бидејќи приходите паѓаат, а цените на храната растат, се вели во соопштението на ФАО.

Ако земјоделците немаат пристап до своите полиња или немаат средства или пристап да купат семиња и други материјали за садење или за купување добиточна храна, сезоната на садење ќе се пропушти, земјоделството значително ќе се намали и животните ќе умрат.

Тоа, како што се наведува во соопштението, значи дека помалку храна ќе биде достапна и во руралните и во урбаните области.

Новото барање за финансирање од страна на ФАО во износ од 350 милиони долари е за три пати поголемо отколку на крајот на март, затоа што социо-економските влијанија на Ковид-19 стануваат сè поочигледни. Хуманитарниот одговор на ФАО на Ковид-19 е дел од Глобалниот план за хуманитарна реакција. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close