0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Фановите се враќаат на трибините во Германија

Конечната одлука треба да се донесе кон средината на септември. Според планот, билетите ќе се продаваат преку Интернет, со целосни податоци за клиентите, така што ќе може да се следи движењето на потенцијално заразените лица, додека продажбата на алкохол, а со тоа и пиво, би била забранета.

Берлин, 4 август 2020 (МИА) – Сите клубови од првата и втората лига на германскиот фудбал се согласуваат за враќање на одреден број гледачи на стадионите.

Конечната одлука треба да се донесе кон средината на септември. Според планот, билетите ќе се продаваат преку Интернет, со целосни податоци за клиентите, така што ќе може да се следи движењето на потенцијално заразените лица, додека продажбата на алкохол, а со тоа и пиво, би била забранета.

Исто така, доаѓањето на гостински навивачи би било забрането, а дел од трибините ќе бидат затворени за употреба.

– Приоритет во Германија не се полните стадиони, туку здравствената состојба. Короновирусот сè уште игра многу важна улога. Како и сите други области, професионалниот фудбал може да се врати во нормална состојба само во фази, за нас во мали чекори, рече извршниот директор на Фудбалската асоцијација на Германија (ДФЛ), Кристијан Зејферт.

Од друга страна, одредени навивачки групи се против давање лични информации на клубовите.

– Податоците треба да се користат за здравствена заштита, а не за други цели, како што е надзор на навивачите. Клубовите мора да го кажат тоа јасно, велат навивачи за „Франфуртр алгемајне Цајтунг“.

Таг
Back to top button
Close
Close