КултураКултура.Портал

Езерска рок симфонија во Охрид

Охридската група Камелеон, по прославата на 20-годишнината од постоењето, заедно со уште многу гости и пријатели, денеска на Градското пристаниште во Охрид ќе одржи голем концерт насловен „Езерска рок симфонија“.

Охрид, 16 август 2020 (МИА) – Охридската група Камелеон, по прославата на 20-годишнината од постоењето, заедно со уште многу гости и пријатели, денеска на Градското пристаниште во Охрид ќе одржи голем концерт насловен „Езерска рок симфонија“.

– Следејќи ги насоките и високите стандарди кои ги постави групата наназад низ годините, огромно внимание е посветено и на сценскиот изглед и секако звукот, па ветуваме дека ќе имаме вистинско аудио-визуелно уживање за сите посетители. Во самото срце на градот, очекувајте „концерт на вода и музика за душа“. Проверената охридска екипа, потпомогната од Камерниот оркестар од Битола, хорот Vox Lychnidos, Ѓоко Танески, Жармена и Горан Папаз ветуваат забава која долго ќе се памети, порачуваат организаторите.

На концертот ќе настапи и 23-годишниот студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Теодор Љушкоски, кој од 2017 година е студент и на Факултетот за музичка уметност во Цирих. Од септември Теодор ги продолжува магистерските студии во Цирих, на отсек кларинет.

Организаторите додаваат дека концертот ќе се одржи согласно сите важечки протоколи за одржување на јавни настани. сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close