0_Магазин.ПорталСемејство

Евростат: Во Бугарија и Франција има 60 отсто вонбрачно родени деца

На Балканот, по Бугарија следат Косово (38,7 отсто), Србија (26,8 отсто), Хрватска (20,7 отсто), С. Македонија (12,1 отсто) и Грција (11,1 отсто). За Албанија и Црна Гора нема податоци.

Брисел, 17 јули 2020 (МИА) – Од земјите во Европската Унија, според податоците на Евростат, во Франција и Бугарија има највисок процент на вонбрачни деца, што изнесува, соодветно – 60 отсто и 58,5 отсто.

Бројот на новородените вонбрачни деца во ЕУ во 2018 година е 42 насто, што претставува зголемување за 17 отсто во однос на 2000 година. Во уште шест други држави членки на ЕУ повеќето од новородените деца се родени вонбрачно – Словенија – 58 отсто, Португалија – 56 отсто, Шведска – 55 насто, Данска и Естонија со по 54 насто и Холандија – 52 отсто.

На Балканот, по Бугарија следат Косово (38,7 отсто), Србија (26,8 отсто), Хрватска (20,7 отсто), С. Македонија (12,1 отсто) и Грција (11,1 отсто). За Албанија и Црна Гора нема податоци.

Сѐ ова, според Евростат, укажува на нов тренд во статусот на семејствата во споредба со потрадиционалните домаќинства, при што бебињата се раѓаат во брачни заедници.

Тоа е тренд во во повеќето земји членки на ЕУ. Највисок раст, сепак, има во Португалија и Шпанија, каде што 2018 година има околу 30 отсто повеќе новородени вонбрачни деца.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close