Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Евростат: Хрватска на врвот во ЕУ по број на привремено вработени

Хрватска е на врвот на европските земји во однос на бројот на привремено вработени работници, покажа ново истражување на Евростат за 2019 година.

Загреб, 19 јуни 2020 (МИА) – Хрватска е на врвот на европските земји во однос на бројот на привремено вработени работници, покажа ново истражување на Евростат за 2019 година.

Дури 18 проценти од Хрватите во вкупниот број на вработени работат „на определен рок“, односно работат со договор за привремен работен однос, сезонски или преку агенција за вработување.

Уделот на привремените работници е поголем само во Шпанија (24 проценти), Полска (21 процент) и Португалија (19 отсто).

Хрватска е единствената земја во ЕУ каде значително повеќе Хрвати се вработени на привремени работни места во споредба со странските државјани кои работат во Хрватска.

Така, од сто вработени родени во Хрватска, 18 од нив работат на привремени работни места, додека во ист број вработени странци (родени надвор од Хрватска и ЕУ) – 14 од нив работат привремено. зш/

Back to top button
Close
Close