Biznis.SlajderSvet.SlajderБалканБалкан.ПорталБизнисБизнис.Портал

Евростат: Бугарија и Хрватска на последните места по потрошувачка и БДП по жител

Во 2019 година, Хрватска остана на претпоследното место меѓу земјите на Европската унија во однос на реалната индивидуална потрошувачка и БДП по глава на жител, според првите проценки на Европскиот завод за статистика.

Загреб, 22 јуни 2020 (МИА) –  Во 2019 година, Хрватска остана на претпоследното место меѓу земјите на Европската унија во однос на реалната индивидуална потрошувачка и БДП по глава на жител, според првите проценки на Европскиот завод за статистика.

Реалната индивидуална потрошувачка (РИП) по глава на жител, изразена во стандардите за куповна моќ (СКМ), беше 34 проценти под просекот на ЕУ во Хрватска минатата година, според првите проценки на Евростат.

Иако се зголеми малку во однос на претходната година, кога беше 36 проценти под просекот на Унијата, ја зацементира Хрватска на претпоследното место меѓу земјите на ЕУ, се вели во извештајот на Европскиот завод за статистика.

Со потрошувачка 33 проценти пониска од просекот, Унгарија е пред Хрватска, а Бугарија повторно е на последното место, каде потрошувачката во 2019 година била 41 процент под европскиот просек.

Од друга страна, Романија забележа најголем скок на стандардите изразена во реална индивидуална потрошувачка, изедначувајќи ја Полска со потрошувачката „само“ 21 процент под просекот на Унијата. Во 2018 година романскиот стандард беше 29 проценти понизок од просекот.

Латвија, Словачка, Естонија, Грција и Малта се во групата земји со потрошувачка од 20 до 30 проценти под европскиот просек.

Италија и Ирска беа најблиски до просекот на индивидуална потрошувачка во Унијата.

Само во девет земји на Унијата, реалната индивидуална потрошувачка измерена со стандардот на куповната моќ во 2019 година беше повисока од европскиот просек, нагласува Евростат, повторно потенцирајќи ги големите разлики меѓу државите.

Луксембург го потврди својот статус на земја со највисок стандард – 35 проценти над европскиот просек. Во 2018 година, тоа беше 34 проценти над просекот

Германија повторно е на второто место со потрошувачка 23 проценти повисока од просекот на Унијата. Проценката, исто така, покажува дека е зголемена во однос на 2018 година кога била за 20 проценти поголема.

По нив следат Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска и Шведска со потрошувачка од 10 до 20 проценти над просекот.

Во Франција, стандардот беше девет проценти над просекот на ЕУ. зш/

Back to top button
Close
Close