0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Европските социјалисти го поздравија договорот за социјалдемократска влада предводена од Заев

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) денеска го поздрави коалицискиот договор постигнат вчера помеѓу СДСМ и ДУИ со кој лидерот на социјалдемократите Зоран Заев се враќа на позицијата премиер на Северна Македонија.

Брисел, 19 август 2020 (МИА) – Партијата на европските социјалисти (ПЕС) денеска го поздрави коалицискиот договор постигнат вчера помеѓу СДСМ и ДУИ со кој лидерот на социјалдемократите Зоран Заев се враќа на позицијата премиер на Северна Македонија.

– Ова е одличен момент за Северна Македонија. Под постојаното раководство на Зоран Заев, земјата сега може да продолжи по својот демократски, европски пат. Го поздравуваме постигнатиот договор и се надеваме дека ќе биде брзо спроведен, така што новата влада предводена од Зоран Заев може да биде одобрена од парламентот и ќе може да почене со работа, вели претседателот на ПЕС Сергеј Станишев.

СДСМ и Зоран Заев, додава тој, беа движечката сила зад позитивните промени во Северна Македонија.

– Благодарение на нив, невработеноста се намали, социјалните услови се подобрија, а Северна Македонија влезе во НАТО и го расчисти патот за идното пристапување во ЕУ. Европското социјалдемократско семејство е целосно посветено на поддршката на Зоран Заев, новата влада и цела Северна Македонија бидејќи го прави своето патување кон прогресивна, европска иднина, нагласува лидерот на ПЕС.

Во објавата на веб-страницата на ПЕС се наведува дека новата владина платформа сега ќе биде доставена за одобрување во парламентот. Воедно, се додава дека како дел од договорот за коалицирање Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети рекоа оти нивното партнерство ќе го продолжи евроатлантскиот пат на земјата и внатрешните реформи. вг/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close