Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Европските Социјалдемократи со остра осуда за изборите во Србија

Групата на Социјалдемократите во Европскиот Парламент бараат од земјите членки на ЕУ и од Европската Комисија да не се отвораат нови преговарачки поглавја со Србија додека не се подобри демократската состојба во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Брисел, 22 јуни 2020 (МИА) –Групата на Социјалдемократите во Европскиот Парламент бараат од земјите членки на ЕУ и од Европската Комисија да не се отвораат нови преговарачки поглавја со Србија додека не се подобри демократската состојба во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија се очекува во текот на денот да излезе со коментар за парламентарните избори кои се одржаа вчера во Србија и кои бојкотирани од опозициските партии, но од Европскиот Парламент веќе пристигнуваат критични проценки.

-Овие избори не беа репрезентативни и се плашам дека нема да ја спречат ерозијата на владеењето на правото на земјата. Ова не би смеело да се случува во земја кандидат за ЕУ, ја повикуваме Европската Комисија која ги води преговорите за членство навистина да анализира каде е проблемот и да извлече сопствени заклучоци, изјави Кати Пири, потпретседателка за надворешни работи на Социјалдемократите во Европарламентот.

Таа го прозва лично и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој вчера на Твитер ја честиташе победата на српската владејачка партија пред објавувањето на извештајот на набљудувачката мисија на ОДИХР.

-Шокирана бев што комесарот Вархеји во својата изјава синоќа не кажа ни збор за проблемите со слободата на медиумите, ниту за барањата на опозицијата да се одложат изборите, додаде Пири.

Бојкотот на опозициските партии во Србија и фактот што ниту една опозициска партија нема да учествува во парламентарната работа за европратеникот Тонино Пицула значи дека “Парламентот во Србија ја загуби својата улога на законодавен дом кој го застапува цело српско општество“.

Европратеничката Тања Фајон од своја страна потсети дека набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР беше значајно помала и со помалку надлежности поради пандемијата на Ковид-19, како и дека Европскиот Парламент не беше во можност да испрати свои набљудувачи.

-Според локалните набљудувачи констатирани се изборни нерегуларности во пет отсто од избирачките места, што е повеќе од процентот на нерегуларности на изборите во 2016 и 2017, изјави Фајон која е и одговорна за односите на Европарламентот со Србија.

Пратеничката истакна дека “нивото на демократија по изборите во Србија е значително влошено“, а посебно состојбата со медиумските слободи.

-Немаме веќе парламентарна опозиција што го доведува во прашање легитимитетот на работата на новиот парламент, изјави Тања Фајон.тм/сд/

Back to top button
Close
Close