Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Европскиот суд за човекови права  ја осуди Франција поради протерувањето на две деца од Мајот на Коморите

Овие две деца биле „сместени во административен притвор заедно со возрасни (...) и експедитивно биле испратени до Коморите“, што „можело само да создаде ситуација на стрес и вознемиреност и да има особено трауматично последици за нивната психа “, оцени судот со седиште во Стразбур.

Стразбур,25 јуни 2020 (МИА) –  Европскиот суд за човекови права од Стразбур ја осуди Франција поради административен, а потоа и „експедитивно враќање“ на Коморите на две деца од 3 и 5 години кои влегоа нелегално во Мајот, јави дописникот на МИА.

Овие две деца биле „сместени во административен притвор заедно со возрасни (…) и експедитивно биле испратени до Коморите“, што „можело само да создаде ситуација на стрес и вознемиреност и да има особено трауматично последици за нивната психа “, оцени судот со седиште во Стразбур.

Коморите се соседен остров на францускиот прекуокеански департман (остров) Мајот, кои заедно се дел од Коморските острови во широчината на источниот африкански брег.тг/ 

Back to top button
Close
Close