ЕвропаЕвропа.Портал

Европскиот парламент ја понуди својата зграда за болница

Европскиот парламент ги понуди на располагање на властите во Брисел својата зграда и превозните средства за помош во борбата против вирусот Ковид19.

Брисел, 1 април 2020 (МИА) – Европскиот парламент ги понуди на располагање на властите во Брисел својата зграда и превозните средства за помош во борбата против вирусот Ковид19.

Генералниот секретар на ЕП, Клаус Веле контактираше со властите во Брисел и им ги стави на располагање ресурсите на Парламентот.

Портпаролот на Европскиот парламент вели дека станува збор за една од нецентралните згради на Парламентот која би можела да биде преуредена во болница или за привремено сместување на луѓе на кои им е потребна помош.

Истовремено околу сто возила на Европскиот парламент, вклучително и камиони и возачи, можат да бидат искористени за транспорт на храна и медицинска опрема. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close