Дописници МКДОпштество

Европскиот ден на сеќавање на холокаустот врз Ромите одбележан со семинар во Охрид

Во организација на Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ по повод Европскиот ден на сеќавање на холокаустот врз Ромите, во Охрид се одржа тридневен семинар на тема „Дискриминацијата и геноцидот врз Ромите во Втората светска војна“.

Охрид, 31 јули 2021 (МИА) – Во организација на Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ по повод Европскиот ден на сеќавање на холокаустот врз Ромите, во Охрид се одржа тридневен семинар на тема „Дискриминацијата и геноцидот врз Ромите во Втората светска војна“.

Целта на обуката беше да се запознаат младите Роми и останатите учесници преку визуелни материјали со сведоштва на преживеаните жртви на холокаустот и документи што ги потврдуваат злосторствата со историските настани врзани за ромската популација, како и запознавање со оспасностите до кои доведуваат стереотипите и предрасудите кон еден народ.

Семинарот е дел од проектот „Донеси го! Гласот на минатото, сегашноста и иднината“ поддржан од Фондацијата ЕВЗ од Германија, чија реализација стартуваше во февруари. Во рамки на проектот ќе биде објавена и книга со сведошта од Втората светска војна, а ќе биде презентирана и изложба од слики насликани од учесниците на семинарот. аб/вг/

Back to top button
Close
Close