Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Европската комисија предлага нов инструмент за помош на фирмите погодени од Ковид-19

Европската комисија денеска најави програма за скратено работно време, за која ќе гарантираат земјите-членки, а која ќе им помогне на фирмите во најтешко погодените држави да ги задржат работниците. Инструментот детално ќе биде претставен до крајот на неделата, а е осмислен со цел да ги обесхрабри фирмите да отпуштаат работници.

Брисел, 1 април 2020 (МИА) – Европската комисија денеска најави програма за скратено работно време, за која ќе гарантираат земјите-членки, а која ќе им помогне на фирмите во најтешко погодените држави да ги задржат работниците. Инструментот детално ќе биде претставен до крајот на неделата, а е осмислен со цел да ги обесхрабри фирмите да отпуштаат работници.

– Ова е европската солидарност на дело. За Италија, Шпанија и другите. Тоа е за иднината на Европа, рече претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен за новиот инструмент наречен Шур (Sure).

Станува збор за инструмент, кој го користеа некои членки на ЕУ за време на финансиската криза во 2008, како што беше германската програма Курцарбајт. Според тој модел, државата плаќаше дел од платата на работникот, што им овозможи на компаниите да ги задржат работниците и да ги намалат трошоците за време на криза. Засега нема детали за тоа од каде ќе се повлечат средства за тој инструмент.

– Идејата е едноставна. Ако немата нарачки и компаниите немаат работа поради привремениот екстерен шок, како што е коронавирусот, тие не отпуштаат работници, туку остануваат вработени иако има помалку работа. Во слободното време, работниците би можеле да научат, на пример, нови вештини, кои ќе бидат од корист и за нив и за компанијата, појаснува претседателката на Еврокомисијата.

Урсула фон дер Лајен појасни дека тоа е лекција научена од финансиската криза, кога земјите-членки кои имале таков инструмент им помогнале на милиони луѓе да ја задржат работата, а компаниите да ја пребродат кризата.

– Тоа ги ублажи последиците од рецесијата, ги задржа луѓето на работа и им овозможи на компаниите да се вратат на пазарот со нова сила, потенцира Фон дер Лајен.

Откако кризата со пандемијата заврши и се укинат ограничувањата за движење, работниците ќе можат да се вратат на полно работно време. – Тоа е клучно за повторно покренување на економскиот мотор. Европската комисија неделава ќе предложи нов инструмент за поддршка на скратено работно време, посочи таа.

Шефицата на Еврокомисијата додаде дека програмата ќе овозможи плата за работниците за време на кризата за да можат да плаѓаат станарина и да купуваат она што им е потребно, а сето тоа позитивно ќе влијае на економијата. ссм/

 

Back to top button
Close
Close