Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Европол: За време на пандемијата зголема дистрибуција на содржини со сексуално злоставување деца

„Забележано е дека во последните неколку месеци низ целиот свет, додека децата и сексуалните престапници беа затворени во нивните домови, се забележува зголемување на бројот на материјали за сексуална злоупотреба на деца кои се споделуваат преку интернет“, се вели во соопштението на Европол.

Лион, 19 јуни 2020 (МИА) – Европол предупреди  дека за време на изолацијата поради пандемијата, зголемена е дистрибуцијата на содржини што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.

„Забележано е дека во последните неколку месеци низ целиот свет, додека децата и сексуалните престапници беа затворени во нивните домови, се забележува зголемување на бројот на материјали за сексуална злоупотреба на деца кои се споделуваат преку интернет“, се вели во соопштението на Европол.

Криминалците го користат моделот P2P на комуникација на интернет и скриениот дел од мрежата (dark web) за да пронајдат, разменуваат и продаваат сексуална содржина на која се деца.

Извршната директорка на Европол, Кетрин Де Бал изјави дека дистрибуцијата на таков материјал се зголемила за време на пандемијата, иако веќе била на високо ниво и пред пандемијата. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close