Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Европарламентот ги прераспоредува седиштата по напуштањето на Британците

Со заминувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија, Европскиот Парламент мора да ги прераспореди седиштата за европските пратеници од сите 27 земји членки на ЕУ.

Брисел, 31 јануари 2020 (МИА) – Со заминувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија, Европскиот Парламент мора да ги прераспореди седиштата за европските пратеници од сите 27 земји членки на ЕУ.

Од први февруари, во Европскиот Парламент ќе заседаваат 705 пратеници наместо 751 како што беше случај до сега.

Од 73-та седишта за Обединетото Кралство, 27 се прераспоредени кај други земји, додека 46-те останати се чуваат во резерва за идни земји членки.

Најмногу седишта добиваат Франција и Шпанија (плус пет), Италија и Холандија по три, Ирска добива две, а Полска, Романија, Шведска, Австрија, Данска, Словачка, Финска, Хрватска, и Естонија по едно седиште плус.

Европскиот Парламент нагласува дека нема губитници бидејќи ниедна земја не губи седиштата, а дополнителните седишта се дадени на земји кои биле нееднакво застапени во Парламентот до сега.

-Распоредувањето на седиштата го зема предвид населението на земјите членки и го следи принципот на дегресивна пропорционалност. Тоа значи дека земјите со помало население би требало да имаат помалку европратениците од големите земји. Истовремено европратениците од големите земји треба да застапуваат повеќе граѓани отколку европратениците од малите земји. На овој начин малите земји имаат релативно силно присуство во Парламентот, информираат прес службите. тм/ссм/

Back to top button
Close
Close