0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

Евролигата избира меѓу четири града за последната фаза

Планот на Евролигата е да се одиграат останатите натпревари од регуларната сезона, а потоа најдобрите осум екипи да формираат „Ф8“. Целата фаза мора да се одвива од 4 јули до 26 јули, а за да може да го стори тоа, „Еурохупс“ објави дека Евролигата бара од секој град да обезбеди најмалку две сали што ги исполнуваат потребните стандарди за натпревар. На овој начин, календарот може да се заврши навреме.

Белград, 30 април 2020 (МИА) – Евролигата размислува за различни опции за последната фаза од сезоната 2019/20, и покрај пандемијата од коронавирус. Според најновите информации, управата на Евролигата идентификувала четири дестинации од кои треба да се избере каде да се одржи последната фаза – Атина, Белград, Келн или Каунас.

Планот на Евролигата е да се одиграат останатите натпревари од регуларната сезона, а потоа најдобрите осум екипи да формираат „Ф8“. Целата фаза мора да се одвива од 4 јули до 26 јули, а за да може да го стори тоа, „Еурохупс“ објави дека Евролигата бара од секој град да обезбеди најмалку две сали што ги исполнуваат потребните стандарди за натпревар. На овој начин, календарот може да се заврши навреме.

Белград и Атина ги имаат потребните сали, но има проблеми со Каунас и Келн. Литванскиот град ќе мора да биде домаќин со уште ден – Вилнус, а Келн ќе треба да соработува со блискиот Бон или Дизелдорф.

Одлуката на Евролигата ќе се дознае наскоро.

Таг
Back to top button
Close
Close