0_Спорт.ПорталКошарка

Евролига: Милано и Олимпијакос ќе играат во Берлин

Мечот меѓу Милано и Олимпијакос е поместен од Италија поради коронавирусот и ќе се одигра во Берлин, објави кошаркарската Евролига.

Барселона, 11 март 2020 (МИА) – Мечот меѓу Милано и Олимпијакос е поместен од Италија поради коронавирусот и ќе се одигра во Берлин, објави кошаркарската Евролига.

„Ќе ја задржиме регуларноста на првенството на максимално можно ниво и ќе се осигураме домаќините да обезбедат безбедни услови за сите учесници“, стои во соопштението на организацијата.

Евролигата најави дека на алтернативни локации ќе бидат преместени и мечевите на Милано против Асвел и против ЦСКА Москва, како и мечевите во Еврокупот меѓу Виртус Болоња и Монако. сѓд/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close