Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Еврокомесарот за правда не се извини за своето црно обоено лице во 2015 година

По повод прес конференцијата на евркомесарите за правда, Дидие Рејндерс и Вера Јурова, посветена меѓу другото на борбата против расизмот и заштитата на правата на жртвите на дискриминација, новинарите го прашаа Рејндерс дали се чувствува виновен што го обои лицето црно пред неколку години.

Брисел, 24 јуни 2020 (МИА) – По повод прес конференцијата на евркомесарите за правда, Дидие Рејндерс и Вера Јурова, посветена меѓу другото на борбата против расизмот и заштитата на правата на жртвите на дискриминација, новинарите го прашаа Рејндерс дали се чувствува виновен што го обои лицето црно пред неколку години.

Рејндерс тогаш беше потпретседател во белгиската Влада и беше фотографиран со обоено црно лице за време на добротворна акција на организација во која членува. Контроверзниот настан предизвика остри критики во белгиската јавност.

Британски новинар денеска го праша дали смета дека треба да се извини, на што еврокомесарот одговори дека традицијата во оваа организација е сменета оттогаш и дека членовите на тој ден лицата ги бојадисуваат во трите национални бои на Белгија, жолта, црна и црвена.

-Важно е да се каже дека тоа беше прилика да се смени старата традиција и сега членовите ги носат трите бои на знамето, рече поранешниот шеф на белгиската дипломатија.

Запрашан дали смета дека треба да се отстранат спомениците во Белгија посветени на Кралот на Белгија Леополд Втори кој го колонизираше Конго, чие владеење однесе милиони африкански животи во услови на експлоатација и ропство, Рејндерс оцени дека “тоа не е најдобар начин“.

-Не сум сигурен дека тоа е најдобриот начин, не треба нова верзија на историското минато, рече Рејндерс за спомениците.

Тој смета дека е потребно да се воведе контекст и да се “објасни“ колонијалното минато на Белгија.

-Најважниот елемент е да се работи на колонијалното минато во сите земји членки на ЕУ, има предлози на национално ниво, за нова анализа на минатото, идејата во Белгија е да се работи со посебна комисија во парламентот, треба да размислиме и за сличен процес на ниво на ЕУ, како подобро да го почитуваме диверзитетот во нашите општества, рече еврокомесарот задолжен за правда.

Во последните недели во Белгија се одржани повеќе протести и барања за отстранување на спомениците од колонијалното минато, некои од нив веќе се преместени, голем број се редовно предмет на осквернување.тм/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close