0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Евроамбасадорот Жбогар нема информации кога ќе се објават извештаите за Северна Македонија и Албанија

Извештаите на Европската комисија за Република Северна Македонија и за Албанија сè уште не се објавени, штом ќе биде објавен, ќе може да споделиме повеќе информации, потенцира денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на ЕК за напредокот на овие две земји.

Свети Николе, 26 февруари 2020 (МИА) – Извештаите на Европската комисија за Република Северна Македонија и за Албанија сè уште не се објавени, штом ќе биде објавен, ќе може да споделиме повеќе информации, потенцира денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на ЕК за напредокот на овие две земји.

Жбогар, кој е во посета на Општина Свети Николе и има работен состанок со 18 градоначалници од источниот и североисточниот регион за современиот систем за управување со отпад, истакна дека новата методологија изготвена од членките на ЕУ ќе биде доставена до земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ.

– ЕК беше задолжена и да изготви абдејтирање на извештаи што се однесуваат на статусот на реформите што ќе бидат спроведени од страна на двете земји, кои чекаат отворање преговори со ЕУ. Мислам дека и двата документи веќе се на маса на земјите членки на ЕУ и штом ќе ги разгледаат очекуваме да донесат одлука во врска со тоа, вели Жбогар.

Прашан на која дата ќе бидат објавени извештаите за Северна Македонија и за Албанија, Жбогар одговори дека нема никаква информација за можниот датум и не би сакал да покрене никакви очекувања.

Тој потсети дека во октомври од страна на земјите членки на ЕУ беше посочено дека датумот би бил некаде пред мај, кога ЕК треба да го апдејтира извештајот со цел да се каже до која фаза се спроведени реформи од страна на овие две земји. – Така да се уште не можам ништо да кажам, рече Жбогар.

Прашан дали бомбите кои беа пуштени од страна на пратеникот Антонио Милошевски ќе влијаат врз изборниот процес и врз поостра изборна реторика, Жбогар со одговор дека како ЕУ го следат почетокот на изборниот процес во земјава.

Посочи дека на средбите кои ги има со средношколците, тие му посочуваат за миграцијата, за тоа каков е образовниот, здравствениот систем и загадената животна средина.

-Јас искрено се надевам дека во текот на изборната кампања вашите политички претставници ќе се фокусираат на овие прашања и да можат да дадат соодветни одговори и надеж за подобра иднина на граѓаните, за подобра иднина на младите и да останат во земјата, вели Жбогар. вдј/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close