0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници МКДОпштество

Евроамбасадорот Жбогар го посети Репродуктивниот центар за европски елен во Националниот парк „Галичица“

Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар во рамки на денешната посета на Охрид, се сретна со раководството на Националниот парк „Галичица“, а направи обиколка и на Репродуктивниот центар за европски елен во рамки на паркот.

Охрид, 2 јули 2020 (МИА) – Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар во рамки на денешната посета на Охрид, се сретна со раководството на Националниот парк „Галичица“, а направи обиколка и на Репродуктивниот центар за европски елен во рамки на паркот.

Репродуктивниот центар се наоѓа на локалитететот „Косто бачило“, се простира на површина од 86 хектари, а во него е сместено матичното стадо од 30 единки, од кои 24 женки и шест мажјаци, а веќе има и подмладок на мали еленчиња.

Амбасадорот се запозна со главните функции на центарот во насока на заштита на биодиверзитетот преку активно управување на високопланинските пасишта, заштита на пејсажните и пределските вредности, намалување на ризикот од пожари, подобрување на атрактивноста на Националниот парк „Галичица“ и едукативната функција.

Инаку, на средбата со директорот на НП „Галичица“ Васко Паскали било разговарано за активностите што ги презема установата и плановите за во иднина. Жбогар бил информиран за напредокот и резултатите од спроведувањето на Проектот: „Подобрување на ефективноста во заштитата и управувањето со Националниот парк Галичица” што се реализира со финасиска поддршка на ЕУ. аб/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close