0_Спорт.ПорталФудбал

ЕВРО 2020: Турција може да стане најлошата репрезентација во историјата на ЕП

Турската репрезентација на првите два меча на ЕВРО 2020 загуби од Италијанците (0:3) и Швајцарците (0:2). Денес, тимот на Ченол Гунеш може да стане 12-та репрезентација која претрпе три порази во групната фаза на Европското првенство, и четвртата, која не успеала да постигне гол.

Баку, 20 јуни 2021 (МИА) – Турската репрезентација на првите два меча на ЕВРО 2020 загуби од Италијанците (0:3) и Швајцарците (0:2). Денес, тимот на Ченол Гунеш може да стане 12-та репрезентација која претрпе три порази во групната фаза на Европското првенство, и четвртата, која не успеала да постигне гол.

Претходно, Турците не постигнаа погодок во 1996 година, Данците во 2000 година и Украинците во 2016 година.

Со најлош биланс, гол-разлика минус 8 на еврошампионатите се: Југославија (1984), Данска (2000), Бугарија ите (2004) и Ирска (2012).

Натпреварот Швајцарија – Турција ќе се одигра во Баку со почеток во 18 часот. Во исто време е и другиот дуел од 3.коло во А-групата на кој се среќаваат Италија и Велс (во Рим). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close