0_Спорт.ПорталФудбал

ЕВРО 2020: Транспарент со прецртан црнец на едното колено, носеа унгарските навивачи пред натпреварот против Франција

Навивачите на унгарската фудбалска репрезентација протестираа против акцијата со клекнувањето на едно колено како поддршка за борбата против расизмот и дискриминацијата.

Будимпешта, 19 јуни 2021 (МИА) – Навивачите на унгарската фудбалска репрезентација протестираа против акцијата со клекнувањето на едно колено како поддршка за борбата  против расизмот и дискриминацијата.

Пред денешниот натпревар против Франција, илјадници навивачи одеа кон „Арената Пушкаш“ во Будимпешта носејќи транспарент со прецртан црномурен човек кој клечи на едно колено.

Унгарската репрезентација не клекнува пред евро-мечевите.

Пред јунскиот пријателски натпревар Унгарија – Ирска (0:0), унгарските навивачи ги исвиркаа ирските фудбалери кои клекнаа. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close