0_Спорт.ПорталМакедонија.СлајдерФудбал

ЕВРО 2020: Познати единаесетмината со кои Ангеловски ќе им се спротивстави на Холанѓаните

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ќе почне со офанзивен состав на денешниот дуел со Холандија во последниот настап на „црвено-жолтите“ на ЕВРО 2020.

Амстердам, 21 јуни 2021 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ќе почне со офанзивен состав на денешниот дуел со Холандија во последниот настап на „црвено-жолтите“ на ЕВРО 2020.

Во формацијата 4-2-3-1, на голот ќе биде Столе Димитриевски, во последната одбранбена линија се Дарко Велковски и Висар Муслиу, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски ќе бидат на бековските позиции, последни играчи за врска ќе бидат Аријан Адеми и Енис Барди, Елиф Елмас плеј, Иван Тричковски, Александар Трајковски и Горан Пандев ќе бидат во нападот.

Средбата е од третото коло во Ц-групата и ќе се игра од 18 часот во Амстердам. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close