0_Спорт.ПорталФудбал

ЕВРО 2020: Холандија трета селекција со обезбеден пласман во плејофот

Во натпреварот од второто коло од групната фаза на ЕВРО 2020, репрезентацијата на Холандија вечерва во Амстердам ја совлада селекцијата на Австрија со 2:0.

Амстердам, 17 јуни 2021 (МИА) – Во натпреварот од второто коло од групната фаза на ЕВРО 2020, репрезентацијата на Холандија вечерва во Амстердам ја совлада селекцијата на Австрија со 2:0.

Во 11. минута Мемфис Депај го отвори резултатот од пенал, Дензел Дамфрис во 67. минута ги постави конечните 2:0.

Холанѓаните имаат шест бода и водат во групата Ц. Тие веќе обезбедија пласман во осминафиналето. Австријците имаат три бода и се трети. Украина, која е втора, има исто така три бода, додека македонската репрезентација е на последното место без освоен бод.

Претходно место помеѓу 16 најдобри обезбедија Белгија и Италија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close