Дописници МКДОпштински вести

ЕВН Македонија со осуда на инцидентот во Тетово, преземаат мерки за поголема заштита на вработените и имотот

ЕВН Македонија во врска со вчерашниот инцидент во Тетово изрази осуда на секаков вид на насилство и вандализам. Поради инцидентот најавуваат поголема заштита за вработените и имотот.

Тетово, 14 август 2020 (МИА) – ЕВН Македонија во врска со вчерашниот инцидент во Тетово изрази осуда на секаков вид на насилство и вандализам. Поради инцидентот најавуваат поголема заштита за вработените и имотот.

-Осудуваме секаков вид на насилсто и вандализам. И покрај тоа што сторителот е уапсен, ЕВН презема мерки за заштита на своите вработени и имот. Имаме разбирање за мирни протести, иако не знаеме зошто се усмерени против нас. Воедно најостро го осудуваме секој вид на говор на омраза кој што може да доведе до насилство како што беше случај синоќа, се наведува во соопштението од Одделот за комуникации при ЕВН Македонија.

За двете возила на ЕВН Македонија кои беа запалени ноќеска, како осомничен полиција го приведе К.О (43) од Тетово. Осомничен е дека во периодот од  00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ и во станбениот блок 70 во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „Дачија дастер“ и патничко возило „Нисан“,  двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „Голф“, со тетовски регистарски ознаки. ас/рп/

Back to top button
Close
Close