0_Спорт.ПорталФудбал

Евертон и Наполи заинтересирани за Лукас Васкез

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лукас Васкез би можел да ја продолжи кариера во Евертон или Наполи.

Мадрид, 19 февруари 2021 (МИА) – Напаѓачот на Реал Мадрид, Лукас Васкез би можел да ја продолжи кариера во Евертон или Наполи.

Според шпанските медиуми, двата клуба размислуваат да го ангажираат 29-годишниот Шпанец, чиј договор со Реал истекува во јуни 2021 година, по што ќе биде слободен агент. Се известува дека за фудбалерот исто така се заинтересирани Валенсија и Севилја.

Во сезоната 2020/21, Васкез одигра 24 натпревари за Реал Мадрид, постигна два гола и пет асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 15 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close