0_Спорт.ПорталФудбал

Евертон го обнови договорот со капитенот Колман (видео)

Капитенот на Евертон, Симус Колман го продолжи договорот со клубот. Новиот договор е пресметан до 2023 година, стои на веб -страницата на премиерлигашот од Ливерпул.

Ливерпул, 29 јули 2021 (МИА) – Капитенот на Евертон, Симус Колман го продолжи договорот со клубот. Новиот договор е пресметан до 2023 година, стои на веб -страницата на премиерлигашот од Ливерпул.

Дефанзивецот се приклучи на „карамелите“ во 2009 година за 60.000 фунти од Слајго  Роверс и одигра 350 натпревари за клубот од Мерсисајд.

Колман е и капитен на ирската репрезентација, за која забележа 59 настапи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close