Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Евакуирани жителите од околината на Мадрид поради пожар

Шпанските пожарникари и припадници на армијата се обидуваат да ги изгаснат шумскиот пожар што синоќа изби во регионот Робледо де Чавела, на 40 километри од Мадрид

Мадрид, 3 август 2020 (МИА) – Шпанските пожарникари и припадници на армијата се обидуваат да ги изгаснат шумскиот пожар што синоќа изби во регионот Робледо де Чавела, на 40 километри од Мадрид.

Поради пожарот  на жителите им е наредено да се евакуираат.

Директорот на мадридската служба за вонредни операции Карлос Новиљо изјави дека е утврден обемот на огнот и оти со канадери ќе се обидат да го изгаснат пожарот.

Се уште не е познато што го предизвикало пожарот, а на терен се 16 противпожарни екипи и три канадери. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close