ЕвропаЕвропа.Портал

Евакуација во Санкт Петербург, закани со бомби за болници и училишта

Десетина болници и неколку училишта во Санкт Петербург денеска добиле закани за поставени експлозивни направи, соопштија извори од руските служби за вонредни ситуации.

Санкт Петербург, 9 декември 2019 (МИА) – Десетина болници и неколку училишта во Санкт Петербург денеска добиле закани за поставени експлозивни направи, соопштија извори од руските служби за вонредни ситуации.

Според нив, закани добиле 11 болници и неколку училишта.

Претходно денеска поради закани со бомби биле евакуирани и градски судови, кои сега повторно работат бидејќи не се пронајдени опасни предмети по извршениот претрес.

И пред три дена една третина од метро станиците во Санкт Петербург добија закани со бомби, но специјалните полициски единици утврдија дека станува збор за лажни дојави. Тогаш 20 болници и 40 образовни установи добија слични предупредувања. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close