0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Еурофарм поразен во првото коло на Европската лига

Битолчани иако имаа водство од два гола на неколку минути пред крајот,сепак домаќините направија пресврт во финишот и дојдоа до цел плен.

Гудме, 27 октомври 2020 (МИА) – Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер загуби од данскиот вицешампион ГОГ Гудме со 30-29 (14-14) во првото коло од групата „Д“ на Европската лига.

Битолчани иако имаа водство од два гола на неколку минути пред крајот,сепак домаќините направија пресврт во финишот и дојдоа до цел плен.

Битолчани во финишот пропуштија напад за реми, откако голманот Халгримсон успеа да го одбрани ударот на Мараш.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ со 11 и Кушан со осум гола.

Кај ГОГ, Јакобсен погоди 9 пати, додека Питник постигна 7 гола.

Таг
Back to top button
Close
Close