0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакометРезултати

Еурофарм Пелистер – Вардар во финалето на ракометниот турнир во Струга

Екипите на Еурофарм Пелистер и на Вардар ќе играат во финалето на 48. издание од Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Струга, 15 август 2020 (МИА) – Екипите на Еурофарм Пелистер и на Вардар ќе играат во финалето на 48. издание од Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Ова е епилогот по трите саботни натпревари во четвртиот натпреварувачки ден.

Двата финалисти групната фаза ја завршија со максимални три победи.

Постигнати резултати:
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 26:22
Струга – Еурофарм Пелистер 16:28
Вардар – Бутел 25:17.

Покрај финалето, утре на турнирот ќе се играат и натпреварите за пласман:
за 3. место Охрид – Металург
за 5. место Прилеп – Бутел
за 7. место Струга – Еурофарм Пелистер 2. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close