ИзбраноНекатегоризирано

ЕУобсервер: Европа тивко ги гледа болните сцени на хрватската граница

Оние кои работат со бегалци и мигранти во Босна и Херцеговина, во близина на хрватската граница се навикнати на шокантни сцени. Луѓето честопати се принудени да се вратат преку граница, тепани, без облека, документите им се запалени или нападнати од куќиња.

26 јуни 2020

Ал Џазира

Оние кои работат со бегалци и мигранти во Босна и Херцеговина, во близина на хрватската граница се навикнати на шокантни сцени. Луѓето честопати се принудени да се вратат преку граница, тепани, без облека, документите им се запалени или нападнати од куќиња.

Но мажите кои се враќаат со нацртан портокалов крст на главата или се брутално претепани и намачкани со храна се нов застрашувачки доказ за тоа колку далеку се оди, пишува ЕУобсервер во текстот.

Инцидентите што беа документирани од локалните невладини организации и „Амнести Интернешнл“, а неодамна за нив пишува Гардијан и ЕУобсервер, се потврдени од разни меѓународни хуманитарни организации што им помагаат на бегалците и мигрантите во кампови  во кантонот Уна-Сана во близина на хрватската граница, соопшти независниот  портал што ја покрива Европската Унија.

     – Сликите се застрашувачки, а уште повеќе недостаток на реакција од           Европска Унија, пишува ЕУобсервер и додава дека на границите                   неказнувањето станува правило и се уште не се проверуваат                         извештаите за насилство од страна на хрватската полиција.

Понижување на луѓе кои бараат сигурност од Европа

Понижување на луѓето кои бараат сигурност во Европа со цртање крст на нивните глави е последен пример во низа инциденти и симптоми на поширок тренд на насилно одвраќање и други сериозни кршења на човековите права што се случуваат на надворешните граници на ЕУ, што се забележуваат во Бугарија, Унгарија и Грција.

 Неуспехот на институциите на ЕУ да бараат објаснување од одредени земји членки поради нивното незаконско однесување овозможи ваквите практики да се шират и да ги охрабрат понатамошните тактики на сурово одвраќање во некои земји.

И покрај мерките за изолација во цела Европа поради пандемијата на Ковид-19, враќањето мигранти од Хрватска и Босна и Херцеговина продолжи на почетокот на 2020 година. Само во април, невладините организации забележаа над 1.600 инциденти со враќање мигранти, пренесува ЕУобсервер.

„Мажи, жени, тинејџери и цели семејства се нападнати, физички малтретирани, произволно приведени и им се уништува имотот. Бегалците и мигрантите постојано сведочат дека полицијата им ја соблекува облеката, чевлите и ги присилува да пешачат километри на лошо време назад до границата со Босна и Херцеговина“, пишува ЕУобсервер.

 „Тоа не се изолирани случаи. Нивниот број и постојаните обвинувања укажуваат на системската и намерна политика на хрватската Власт“.

 Хрватските власти ги негираат инцидентите 

Во исто време, низ регионот се пријавени случаи на говор на омраза и нетолеранција кон бегалците и мигрантите, вклучително и обиди за нивно прикажување како главни носители на коронавирусот и закана за јавното здравје.

Шенгенскиот законик, што ги дефинира правилата за гранична контрола на ЕУ, експлицитно наведува дека контролата на границите треба да се изврши со целосно почитување на човечкото достоинство. Сепак, тишината на Европската комисија во врска со загрижувачките настани на хрватските граници се заглушувачка, предупредува ЕУобсервер.

„Нема јавна осуда ни повик за хрватската Влада да ги истражи доказите како што треба, како ни сериозен обид да се вклучи во независен мониторинг, се истакнува во текстот и се додава дека повторените повици на Европскиот парламент да се истражи лошиот пристап биле исполнети со млак одговор и неодлучно укажување на тешкотиите  во верификувањето на обвиненијата за негирање на хрватските власти да направат нешто незаконско“.

 „Каде ЕУ ја подвлекува линијата ако вакво распространето малтретирање може да продолжи со неказнивост? се прашува ЕУобсервер и додава дека кредибилни извештаи за стотици инциденти што документираат незаконски активности и насилство на границите на ЕУ, треба да доведат до ефикасен независен мониторниг, транспарентни истраги и одговорност за очигледно кршење на законот на Унијата“.

„Ако Европска Унија е сериозно посветена на своите темелни вредности, време е зборот да се претвори во дело и одлучно да се осуди незаконското враќање и насилство на европските граници и да побара извршителите на овие незаконски дела да преземат одговорност“, заклучува ЕУобсервер. ки/

Back to top button
Close
Close