СветСвет.Портал

ЕУ: Жалиме што Кина го одобри безбедносниот закон за Хонгконг

Европската унија изрази незадоволство поради денешната едногласна одлука на кинескиот Парламент да го усвои законот за национална безбедност за Хонгконг.

Брисел, 30 јуни 2020 (МИА) – Европската унија изрази незадоволство поради денешната едногласна одлука на кинескиот Парламент да го усвои законот за национална безбедност за Хонгконг.

– Жалиме поради ваквата одлуката на Кина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за време на видео разговорот со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека ЕУ внимателно ќе разгледа како да одговори на кинеската одлука.

Хонгконг во 1997 година е вратен под кинеска управа според принципот „една земја, два система“, со кој е гарантиран повисок степен на автономија отколку во останатиот дел на Кина. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close