0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

ЕУ со поддршка за активниот велосипедизам во Општина Аеродром

Раководителот на Секторот за економски прашања, зајакнување на институциите и прекугранична соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава Фрек Јанмат денеска ја посети Општина Аеродром.

Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) – Раководителот на Секторот за економски прашања, зајакнување на институциите и прекугранична соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава Фрек Јанмат денеска ја посети Општина Аеродром.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и Јанмат разговарале за досегашните и идни проекти, како и за еден од најновите проекти за издавање бесплатни велосипеди за жителите на Општина Аеродром.

Јанмат, како што соопшти Општина Аеродром, оцени дека станува збор за одличен проект, со оглед на тоа што доаѓа од Холандија, каде што велосипедите се култура на живеење.

– Општина Аеродром се залага и работи на проекти за зачувување на животната средина и го промовира здравиот начин на живеење, како и активниот велосипедизам, рече градоначалникот Марин.

Неодамна Општината објави јавен повик за субвенционирање со што финансиски им се помага на жителите при набавка на нови велосипеди. мс/сп/

Back to top button
Close
Close