Svet.SlajderСветСвет.Портал

ЕУ со дополнителни 60 милиони евра хуманитарна помош за Сирија

Министрите за надворешни работи на земји-членки на Европска Унија на вонредниот состанок во Загреб соопштија дека ќе ги преземат сите мерки во согласност со принципите на ЕУ и меѓународните закони за почитување на интегритетот на европските граници

Загреб, 6 март 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на земји-членки на Европска Унија на вонредниот состанок во Загреб соопштија дека ќе ги преземат сите мерки во согласност со принципите на ЕУ и меѓународните закони за почитување на интегритетот на европските граници.

– Турската поддршка за мигрантите и бегалците илегално да преминат во Европа не е начин да се бара понатамошен придонес од ЕУ, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Шефовите на дипломатијата на земјите-членки денеска уште еднаш изразија солидарност со Грција, Бугарија и Кипар кои се соочуваат со тешката ситуација на границите со Турција.

Во соопштението од состанокот во Загреб се потенцира продолжување на блиската соработка со Западен Балкан за управување со миграциските движења.

Министрите уште еднаш ја повикаа Турција во целост да го применува Договорот за мигрантите постигнат во 2016 година.

Борел на крајот од вонредниот состанок на Советот на ЕУ посветен на состојбата на надворешните граници на Унијата кон Турција како и хуманитарната ситуација во северозападна Сирија, ја нагласи неопходноста од запирање на воените акции во Сирија и за што побрза распределба на хуманитарната помош на загрозеното население.

– Ќе издвоиме дополнителни 60 милиони евра хуманитарна помош за северозападна Сирија. Во моментот најголем проблем не се финансиите туку логистиката за пружање помош во погодените подрачја од војната, посочи Борел.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност најави дека кон крајот на јуни во Брисел, ЕУ ќе организира конференција посветена на политичкото решение и финансиска помош за Сирија. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close