БалканБалкан.ПорталДописници Свет

ЕУ: Рестартирање на дијалогот Белград-Приштина идниот месец

Европската унија потврди дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина, замрзнат од 2018, повторно ќе започне во текот на јули, јави дописничката на МИА од Брисел.

Брисел, 23 јуни 2020 (МИА) – Европската унија потврди дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина, замрзнат од 2018, повторно ќе започне во текот на јули, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова го потврди портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел.

-ЕУ е посветена да продолжи целосно ангажирано да работи на рестартирање на дијалогот, за тоа најдобар доказ е назначувањето на Специјалниот претставник, Мирослав Лајчак, кој изминативе денови беше во Приштина и во Србија, и како резултат на неговите контакти и активност, дијалогот би требало да се рестартира во јули, рече Стано.

Портпаролот додаде дека точниот датум ќе биде соопштен подоцна.

Во меѓувреме се очекува кон крајот на оваа недела лидерите на Косово и на Србија да отпатуваат за Брисел, за индивидуални посети и средби во ЕУ институциите. тм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close