ЕвропаЕвропа.Портал

ЕУ предупреди на опасноста од одложување на вакцинирањето поради пандемијата

Европската унија денеска предупреди дека одлуката на некои европски земји да го одложат вакцинирањето на децата поради епидемијата на новиот коронавирус може да предизвика сериозни проблеми.

Брисел, 4 мај 2020 (МИА)Европската унија денеска предупреди дека одлуката на некои европски земји да го одложат вакцинирањето на децата поради епидемијата на новиот коронавирус може да предизвика сериозни проблеми.

– Повеќе од јасно е дека ќе имаме луѓе, деца, кои не се вакцинирани, рече Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) Андреа Амон пред европратениците.

Според неа, повеќето европски земји и натаму ги вакцинираат децата против заболувања како што се сипаници и детска парализа.

Но, таа предупреди дека некои земји ги прекинале сите вакцинации за време на епидемијата.

Амон, сепак, не прецизираше за кои европски држави станува збор. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close