БалканБалкан.Портал

ЕУ повика на воздржаност и почитување на владеењето на правото во Црна Гора

Европската унија им порача на властите во Подгорица дека внимателно го следи развојот на случувањата во Црна Гора, особено во Будва, со повик до сите инволвирани страни да покажат воздржаност и да го почитуваат владеењето на правото.

Брисел, 25 јуни 2020 (МИА) – Европската унија им порача на властите во Подгорица дека внимателно го следи развојот на случувањата во Црна Гора, особено во Будва, со повик до сите инволвирани страни да покажат воздржаност и да го почитуваат владеењето на правото.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандес истакна дека сите евентуални повреди на законот треба да ги решаваат надлежните локални власти, согласно националното законодавство и релевантните меѓународни стандарди.

– Како што е претходно соопштено, ЕУ ги повикува сите политички актери да покажат почитување кон владеењето на правото и демократските принципи, и да покажат политичка зрелост со цел сами да најдат одржливо решение за актуелната ситуација, преку дијалог и во духот на меѓусебно почитување, порача Хернандес. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close