ЕвропаЕвропа.Портал

ЕУ: Одлуката на САД за повлекување на американските трупи од Германија не ја засега Унијата

Европската унија не сака да ја коментира одлуката на САД за повлекување на американските трупи од Германија. Тие сметаат дека потегот е прифатен „во рамките на НАТО“ и не ја засега ЕУ, изјави портпарол на Службата за надворешна политика на Унијата на брифинг во Брисел. 

Брисел, 30 јули 2020 (МИА) – Европската унија не сака да ја коментира одлуката на САД за повлекување на американските трупи од Германија. Тие сметаат дека потегот е прифатен „во рамките на НАТО“ и не ја засега ЕУ, изјави портпарол на Службата за надворешна политика на Унијата на брифинг во Брисел.

„САД се членки на НАТО и неодамнешното соопштение е во рамките на НАТО. Секако, ние со интерес го следиме развојот на се што влијае на безбедноста на Европа, но не ја коментираме таа одлука на американската администрација и член на НАТО“, појасни претставникот.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер вчера соопшти дека 11.900 американски трупи ќе бидат повлечени од Германија. Од нив, 6.400 ќе се вратат во земјата, а околу 5.600 ќе бидат преместени во Италија и Белгија. Околу 25.000 војници ќе останат во Германија. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close