ЕвропаЕвропа.Портал

ЕУ обезбеди 30.000 дози ремдесивир за лекување на Ковид-19

Европска Унија потпиша договор со американската фармацевтска компанија „Џилид“ (Gilead) за набавка на лекот веклури, познат под името ремдесивир

Брисел, 29 јули 2020 (МИА) – Европска Унија потпиша договор со американската фармацевтска компанија „Џилид“ (Gilead) за набавка на лекот веклури, познат под името ремдесивир.

Од почетокот на август лекот ќе биде достапен за 30.000 пациенти со тешки симптоми на Ковид-19 во сите земји членки на ЕУ и во Велика Британија.

Европска комисија соопшти дека за лекот се издвоени 63 милиони евра. Набавените дози се доволни за следните неколку месеци и оти ќе се обезбеди правична респределба на ниво на ЕУ.

Ремдесивир е првиот медикамент за лекување на новиот коронавирус со дозвола на ниво на ЕУ. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close