Избрано

ЕУ му веруваше на Ердоган, сега нема план Б за бегалците

Ердоган ја оствари заканата и ги пушти бегалците кон Европа, илјадници се наоѓаат на грчката и бугарската граница. Трагично е што ЕУ сега мора пак сама да се грижи за себе, а се`уште нема план.

4 март 2020

Дојче веле, Бон

Ердоган ја оствари заканата и ги пушти бегалците кон Европа, илјадници се наоѓаат на грчката и бугарската граница. Трагично е што ЕУ сега мора пак сама да се грижи за себе, а сè уште нема план.     

Türkei Flüchtlinge vor der Grenze zu Griechenland (Imago Images/Depo Photos/E. Corut)

 

ЕУ четири години имаше доверба во Турција како чувар пред портите пред кои се бегалците и други мигранти. Сега турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја оствари својата закана. Турција ги доведува организирано барателите на азил до границите на Грција и Бугарија.

Ердоган со тоа го откажа бегалскиот договор од март 2016 година. Тој води политика преку грбот на мигрантите кои кампираат пред границите. Нејасно е која е точната цел на турскиот претседател – тој во надворешната политика на повеќе фронтови стигна во ќор-сокак. Тешко дека со уцени ќе добие подобар дил.

Факт е дека Турција прими 3,6 милиони сириски бегалци. Разбирливо е што Анкара бара поголема финансиска помош и го одвртува вентилот за да попушти „миграцискиот притисок“, зашто од сирискиот регион Идлиб, каде што се водат жестоки борби, уште стотици илјади луѓе сакаат да влезат во Турција.

Европа нема план Б

А што презема ЕУ? Безглаво свикување специјални самити и барања за јакнење на граничната служба Фронтекс се чисто лицемерство. Зашто веќе со години раководството на ЕУ точно знае дека договорот со Турција е времено и климаво решение.

Европската комисија презеде повеќе обиди да етаблира подобар систем на азил и распределба на мигранти од Сирија, Авганистан, Иран и африканските земји. Сите обиди пропаднаа поради противењето на членките на ЕУ, и тоа не само вообичаените скептици од Полска, Унгарија, Австрија или Италија.

Во многу држави од ЕУ се зацврсти десничарската и популистичка опозиција, која одбива и прием на бегалци, а не, пак, трајно населување на мигранти.

ЕУ никогаш досега докрај не го спроведе бегалскиот договор со Турција. Грција и службите на ЕУ не успеаја како што треба да ја организираат постапката за азил. Последица е тмурната состојба во бегалските центри како Морија на островот Лезбос. Или можеби намерата беше создавање застрашувачки слики заради обесхрабрување на останатите мигранти?

ЕУ се потпираше на Турција. Сега нема план Б. Грција и Бугарија ги затворија границите, но тоа е очајнички обид да се спречи влез на мигрантите и тоа не може да потрае. Според Бегалската конвенција и правилата на ЕУ, дојденците имаат право на проверка дали се бегалци кои треба да бидат заштитени.

Крај на солидарноста и правото

И што сега? Да се изгради ѕид, бидејќи жичените огради веќе постојат? Да се затворат внатрешните граници меѓу државите од ЕУ? Да се напушти Конвенцијата на ОН за бегалци?

Оправдано е стравувањето дека мнозинството членки на ЕУ ќе заговараат тврд став и ќе ја префрлат одговорноста на пограничните држави, на Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Унгарија, Австрија, Малта, Шпанија и Италија.

Збогум на европската солидарност, меѓународното право и милосрдието.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close