ЕвропаЕвропа.Портал

ЕУ изрази жалење поради одлуката на Иран за нуклеарниот договор

Шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел денеска изрази длабоко жалење поради одлуката на Иран да укине какво било ограничување за збогатување ураниум, како што е предвидено во договорот од 2015 година.

Брисел, 6 јануари 2020 (МИА) – Шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел денеска изрази длабоко жалење поради одлуката на Иран да укине какво било ограничување за збогатување ураниум, како што е предвидено во договорот од 2015 година.

– Целосната имплементација на договорот за (иранската) нуклеарна програма е поважна за сите нас сега од кога било, за регионалната стабилност и светската безбедност, објави Борел на Твитер.

Иранските власти синоќа соопштија дека повеќе нема да ги исполнуваат своите обврски од договорот. Одлуката уследи откако иранскиот генерал Касим Сулејмани беше убиен во американски воздушен напад во Багдад во петокот.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се зголемени откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи пред повеќе од една година да го напушти меѓународниот нуклеарен договор меѓу Иран и шест големи сили склучен во 2015 година. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close