Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

ЕУ и Канада се партнери во решавање на последиците од Ковид-19

Шефовите на дипломатија на Европска Унија и на Канада, Жозеп Борел и Франсоа Филип Шампањ денеска го потврдија стратешкото партнерство и укажаа на интензивната соработка помеѓу Брисел и Отава во решавање на политичките, здравствени и економски последици од пандемијата со Ковид-19

Брисел, 14 април 2020 (МИА) – Шефовите на дипломатија на Европска Унија и на Канада, Жозеп Борел и Франсоа Филип Шампањ денеска го потврдија стратешкото партнерство и укажаа на интензивната соработка помеѓу Брисел и Отава во решавање на политичките, здравствени и економски последици од пандемијата со Ковид-19.

– Канада и ЕУ ја нагласуваат вредноста на билатералната и мултилатералната соработка во момент кога сите се соочуваме со невидени предизвици за јавното здравје и економијата. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме да најдеме излез од кризата, а потоа да продолжиме понатаму, се наведува во заедничкото соопштение на Борел и Шампањ.

Борел и Шампањ исто така наведоа дека ЕУ и Канада заедно работат на одржување на летовите помеѓу Европа и Северна Америка, што во ситуација на глобална криза и вонредни мерки им овозможува на граѓаните да се вратат дома.

– ЕУ и Канада заедно ги поддржуваат меѓународните истражувања со цел развој на вакцина, терапија и дијагностика во борба против коронавирусот, се истакнува во заедничкото соопштение. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close