Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

ЕУ и Јапонија заеднички против пандемијата и за економското закрепнување

Брисел, 26 мај 2020 (МИА) – Лидерите на Европска Унија и на Јапонија на денешната видео-конференција го потврдија стратешкото партнерство за решавање на глобалните прашања, при тоа нагласувајќи дека ќе продолжат да ги интензивираат блиските билатерални одноци.

– Стратешкото партнерство помеѓу ЕУ и Јапонија е засновано на долгогодишна соработка и заеднички вредности, а бележи успех во многу клучни области, како што е политичката соработка, трговијата и инвестициите, дигиталната трансформација, заштитата на климата и безбедноста, се наведува во зедничкото соопштение на ЕУ и Јапонија.

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе и претставниците на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја нагласија важната улога на партнерството на Јапонија и ЕУ во закрепнувањето од последиците од пандемијата со Ковид-19.

Во заедничкото соопштение се истакнува дека за победа против вирусот и економското закрепнување потребни се глобална солидарност, соработка и ефикасен мултилатеризам.

Лидерите ја потврдија посветеноста на глобалната соработка и континуираното финансирање на антивирусните лекови, дијагностиката, лекувањето и вакцината да бидат достапни до сите.
Токио и Брисел ја нагласија својата одлучност да обезбедат економското закрепнување да биде засновано на принципите на обновлива, одржлива и отпорна економија.

Абе, Мишел и фон дер Лајен упатија апел за воздржување од непотребните ограничувања на патувањата и извозот. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close