Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

ЕУ ќе воведе царини за производи од алуминиум од Кина

Европската унија ќе воведе царини до 48 отсто за увоз на алуминиумски производи од Кина, додека се води истрага дали кинеските производители продаваат по неправедно ниски цени.

Брисел, 13 октомври 2020 (МИА)Европската унија ќе воведе царини до 48 отсто за увоз на алуминиумски производи од Кина, додека се води истрага дали кинеските производители продаваат по неправедно ниски цени.

Службениот весник на ЕУ наведува дека тарифите кои се движат од 30,4 до 48 отсто ќе стапат на сила во среда. Тие се привремени, што значи дека ќе се применуваат до април, кога се очекува да заврши истрагата.

Унијата во моментов може да воведува тарифи за пет години.

Во февруари, Европската комисија, која ја координира трговската политика на ЕУ, започна истрага за производот, кој е широко користен во транспортот, градежништвото и електрониката.

Кинеската асоцијација соопшти дека жалбата е неоснована. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close